С.М.Т.К.Мото Скопје
Авто Мото Туринг Клубот "Мото Скопје" со реш.бр.60 од 1998 и пререгистрација со реш.бр.09-1374/2 од 2004 ,а од 2007 e реш.бр.08-237/3 од 2007 кое е регистрирано во здружение за Спорт и Млади на Македонија ,името на клубот постои од 1998 год. кога како Оснивачи на клубот биле:
- Зоран Наумовски-Кизо
- Игор Ристов
- Никола Ќука
- Ацо Николовски
- Звонимир Ников
Како прв председател на клубот бил избран Зоран Наумовски -Кизо,поранешен државен шампион во мот-крос,и клубот почнува со работа.
Активностите на клубот биле: организација на натпревари во мото-крос, картинг и спретно возење(гимкана) како и учество со свои членови на истите натпревари, како и на меѓународни собири и манифестации,од типот на : ФИМ-релија,разни собири по бившите Југословенски простори,Грција,Бугарија и т.н. за кои ние немаме попрецизни податоци и фотографии од тој период. На тие натпревари па до денес се освоени околу десетина клубски и триесетина поединечни пехари,како и бројни медаљи,признанија и дипломи. Некаде во 2003 год. поради презафатеност на претседателот со функција во АМСМ, и намалување на членството во клубот, на годишното собрание се именува нов секретар на клубот, тоа е Зоран Јовевски кој продолжува да го води клубот и да го обновува членството. Од 2007год. претседателот Зоран Наумовски -Кизо,поднесе оставка на местото председател, поради функцијата во Моторциклистичката Федерација на Македонија,и на одржаното собрание за председател на клубот беше именуван досегашниот секретар: Зоран Јовевски кој превзема обврска и понатаму да се грижи за претставување на клубот. Поради формирање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија,нашиот клуб мораше да направи пререгистрација кај надлежните органи,и од тогаш сме регистрирани како : Мото Туринг Клуб ,Мото Скопје.
Членови на новиот управен одбор се:
- Јовевски Зоран
- Георгиевски Тони
- Костовски Оливер
- Ничевски Јовица
- Андреевски Мартин
кои воведоа нов правилник за патување во група,и нов начин за прием на нови членови.
Клубот се финансира на неколку начини и тоа:
- од годишна членарина.
- продажба на клубски обележја како маички,капчиња,пришивки и сл.
- спонзорства од луѓе,фирми-компании кои се подржувачи на мото спортот во Р.Македонија.
- помагатели (како помагатели на клубот се јавуваат самите членови со нивните приватни фирми.)
На секои 6 месеци членовите имаат писмен увид во финансиската работа и состојба на клубот,и во колку се појави позитива во благајната,заеднички одлучуваат за што ќе бидат употребени средствата. Воглавно тоа се хуманитарни акции од типот ,посета на разни домови или помош на спортски мото натпреварувачи,кои немаат доволно средства за да го искажат својот талент,а сето тоа се прави без многу експонирање во јавноста.
Надзорен Одбор за 2014г. изгласани се членовите:
- Иван Кувеџи
- Дарко Тасев
- Владимир Филиповски