02.06.2018
МК Носачи на Крстот
Велес
х.Монтенегро

03.06.2018
Fast Riders
Штип
Дом на Млади

08.06.2018
МЦЦ Свети Николе

15-17.06.2018
МК Тиквеш Рајдерс
12 Другари

22.06.2018
MC Potfat
Hill Party
Средно Водно
Зошто сакаме да патуваме со мотоцикл?

Кога ќе тргнеш на патување, тешко е потоа да застанеш, тоа е како да читаш првото подглавје од добра книга, и едноставно знаеш дека мораш да ја прочиташ. Патувањето сепак нема последно подглавје или пак страна, тоа е бесконечно, единствен контролен фактор се времето и парите. 
Денеска патувањата се релативно лесни со денешните услуги на туристичките и превозните компании кои нудат се од еднодневни патувања па се до одмори полни со авантури.  Можете да летате, да возите по патиштата со вашиот автомобил, брод или воз, велосипед па дури и едноставно да пешачите, сепак контролни фактори повторно ќе Ви бидат времето и парите. Во Европа денеска сме среќни што имаме патишта кои не поврзуваат до било која дестинација која ќе ја посакаме . Одбраната дестинацијата е пристапна благодарение на добрите авионски линии, бродските  итн. И доаѓаме до заклучок дека воопшто не е никаков проблем да стигнеме до избраната дестинација за брзо време.  Главните големи градови, планинските предели, крајбрежјата со неверојатно различни климатски услови се достапни и за само неколку часа можете да ги почувствувате. 
Патувањето може да биде добро или лошо се во зависност од Вашата точка на гледање на работите. Ако само сакате да стасате до одредена дестинација, тогаш тоа патување е нешто секојдневно и едноставно да се направи. Но, да се патува со моторцикл е неверојатно животно  иксутво како што многумина туринг- возачи желни за авантура ќе Ви го кажат. Секако и ние сме едни од нив.
Патуваајќи со моторциклот сте изложени и тоа Ве прави достапен за локалното население кое е потикнато да Ве поздрави или да Ви помогне на многу начини и секако патуваајќи со моторциклот ја искусувате миризбата на воздухот со што секоја локација/дестинација е уникатна сама по себе.
Како што постепено се заразувате станувате обземен до точка каде што најверојатно ќе сакате да продадете се, да го спакувате Вашиот моторцикл и едноставно да појдете на пат околу светот на неколку години. Убава мисла, но за мнозинството од нас неможе да биде реалност затоа што имаме семејства, бизнис... Се вели и дека штом еднаш почнете да патувате со моторцикл, никогаш повеќе нема да престанете да барате дестинации кои ќе ги ставате на списокот “работи кои треба да ги направам пред да умрам”.


Членовите на 
Мото Скопје МКД 
се собираат секој четврток на клубско видување и договор за возење.

од 11.2018 локацијата
е ресторан City Grill
ул.Никола Тримпаре бр.6 
нас. Центар.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Сите Прашања Информации Предлози Сугестии можете да ги испратите на 
contact@motoskopje.mk

Hit Counters
posetenost
Copyright -Moto Skopje- All Rights Reserved
design by Leon 2009