02.06.2018
МК Носачи на Крстот
Велес
х.Монтенегро

03.06.2018
Fast Riders
Штип
Дом на Млади

08.06.2018
МЦЦ Свети Николе

15-17.06.2018
МК Тиквеш Рајдерс
12 Другари

22.06.2018
MC Potfat
Hill Party
Средно Водно
Совети за кампирање од еден искусен моторциклист

Ова упатство ќе Ви помогне многу кога се спремате на подалечен пат со својот моторцикл и притоа сакате да кампирате.  Еве неколку совети како на својот моторцикл да успеете да ставите се што Ви е потребно при едно вакво патување. Ние овие трикови ги научивме изминативе години додека патувавме, кампувавме... Најнапред околу багажот. Треба да се размисли добро што треба да се спакува. Тежината е битна и затоа важно да секоја работа која биде ставена да извршува 2 до 3 потреби како би се оправдало нејзиното носење. При пакувањето за патување со моторцикл не е важна само тежината туку и компактноста. Мал и стегнат багаж возењето го прави удобно и секако овозможува поголема километража. 

Куфери/Торби за моторциклот? Куфери или Торбици?
Некои моторциклисти сакаат куфери додека пак некои торби. Има оправдување и за двата вида. Добри и добро дизајнирани тврди куфери се одличен избор за складирање на Вашата опрема. Но како и да е нивната цена може да претставува проблем. Секако, производителот на оригиналните куфери ги имаат потребните работи за вашиот мотор како рамки, прегради  и додатна опрема. Но кога ќе ги извадите тие куфери од Вашиот мотор добивате монтажни прегради кои штрчат странично и насекаде. Некои пак преферираат торби. Убавата страна е што тие откако ќе се симнат од моторциклот, го добивате моторциклот спремен за релациски кратко, релаксирано и забавно возење. Ги нема оние прегради кои ја закачуваат Вашата облека или сл. Добро изработени торбици ќе ја заштитат Вашата опрема прилично сува. Некогаш работите во нив знаат да станат помалку влажни, но тоа е многу ретко. Меките торби можат дабидат препакувани во помал простор (на пример,една од торбите) кога не е потребна. Некои комплети содржат и торба за резервоар. Некои возачи не ги сакаат торбите за резервоар, но тие си ја вршат добро својата работа. Тие можат да ја сочуваат картата сува и спремна во секое време а сепак таа да е пред Вашите очи во најгорниот џеб, потоа ситни пари во страничниот џеб, екстра батерии во другиот страничен џеб, прва помош, дождовно одело, екстра ракавици, алат и други потребни алатки. 

Опрема за кампување Шатор или друго засолниште.
Кога помислувате на кампирање, прво што Ви паѓа напамет е шатор. Но, шаторот е најверојатно една од последните битни работи. Шаторот најнапред треба да Ви обезбеди две битни работи: приватност и заштита од инсекти. Приватноста и не е толку голема работа затоа што секогаш доколку имате потреба можете да се преслечете и во својата вреќа за спиење или пак во некој локален тоалет. Од пресудно значење е да го одберете вистинското место каде што ќе спиете. За заштита од дожд, голема најлонска фолија е далеку подобра отколку шатор и многу уживателна доколку заглавите во целодневно дождливо време. Кога употребувате шатор, осигурајте се да имате доволно простор за да не ги допирате зидовите на шаторот додека сте во вреќата. При дожд и сл. временски услови природната кондензација ќе предизвика тој да се накваси. Така што доколку се потпрете на него тој ќе прокисне со што и Вашата вреќа ќе се намокри и ќе имате непријатно спиење. Добрите шатори се изработени од два дела. Внатрешен воздушен и надворешен дел за заштита од дожд.  Добрите шатори исто така имаат отворени прозорци, врати за вентилација и неколку висечки џебови за да ги оставите во нив своите наочари и сл. Секогаш употребувајте добра подлога под шаторот. Оваа подлога не е ништо повеќе од обична мушама, но драматично ја зголемува употребата на шаторот како и Ви обезбедува внатрешноста на шаторот да биде посува. Но, битно е големината на подлогата да не е поголема од подножјето на шаторот, затоа што како секоја изложена точка ќе направи обратен ефект односно ќе стане место за собирање на дожд или влага. 

Вреќа за спиење.
Ова е една од побитните работи на кои треба да се обрати внимание. Добра вреќа за спиење и подлога за неа односно душек или сл. е од витално значење за да имате добар сон. Има многу добри вреќи на пазарот со разумни цени. Вреќа со обложена со најлон на надворешната и внатрешната страна е одлична за одржување. Влажна крпа ќе ги избрише нечистотиите во вреќата за 15 мин, а јакото сонце ќе направи чуда за да се проветри. Некои имаат среќа да користат вреќи за поларни услови затоа што тие се синтетички и не пропуштаат влага, ниту пак впиваат вода. Ако вреќата се намокри добро протресување ќе ја извади поголемата количина на вода , и ќе се исуши побрзо од платнената вреќа. Секој кој имал платнена вреќа знае дека таа може да впие вода за 500% повеќе од нејзината тежина.  

Душек или подлога.
И ова е од витално значење што се однесува до Вашите стари коски. Ако е топло, стандарден душек на надувување ќе ја заврши одлично работата.  Но, на ладно време тие се однесуваат како грејна пумпа, го циркулираат воздухот во земјата и стануваат ладни. Нова опција се само надувачките воздушни душеци кои се тенки. Одберете што потенок. Добра но робусна опција,се и гумено пенастите подлоги. Тие се пристапни во цена, удобни и потопли.Но за жал не е лесно да се спакуваат па оставаме Вие да изберете која опција ќе Ве задоволи. 

Решо.
Решоата се потребни. Не планирајте да готвите над отворен оган. Може да врне, готвењето е споро и регулативите можеби забрануваат оган, оганот исто така остава и траги на земјата а исто така привлекува диви животни.  Затоа плинско решо е решение за сите проблеми. Воедно готвењето е далеку побрзо. Но, кога го пакувате паметно е боцата да не е полна. Осигурајте се плинската да е не повеќе полна од 3/4  затоа што високата дневна температура и промената на надморската височина можат непријатно да Ве изненадат.

Кујнски прибор.
Еве каде многумина грешат. Ви требаат изненадувачки многу малку нешта. Се што Ви треба е две инокс тенџерчиња помало и поголемо кои ќе ги спакувате едно во друго, една чаша, лажица и нож. Сунѓерче, мало шишенце средство за миење садови, и ракавица за да можете да ги тргнете жешките тенџериња. Не заборавајте на запалка или пак кибрит како би имале со што да го запалите плинското решо. 

Храна.
Најпаметен избор е конзервирана храна. Денеска во маркетите имате голем избор на конзервирана разноврсна храна. Исто така инстант супите се одлични против дехидрирање. Истражете ги Вашите маркети за таа идеа, но запомнете да го направите Вашиот избор поедноставен. Но, мора да се признае дека во туринг возењата се помалку се препуштаме на готвење. Затоа што многу лесно попатно се достапни локални кафанчиња, кафетерии каде што може да бидете услужени по релативно ниски цени. 

Персонална хигиена.
Возбудливо прашање. По напорен ден на пат со високи температури дали тоа било под сенка или не, туш или бања се битна работа. Во многу кампови денеска имате обезбедено тушеви. Но доколку ги нема, костимот за капење, најголемото тенџере, сапунот, пешкир и секако најблиската пумпа се се што Ви треба. Знаеејки дека водата е ладна, едноставно соберете храброст, наполнете го тенџерето со вода и посипете се. Потоа сапунот па повторно водата и чисти сте. Секако попатни извори и езера се добродојдени во вакви случаи. Доколку и тоа не Ви се допаѓа тогаш влажните марамици се добредојдени за Вас. Секако дека треба да имате со себе и крпа за бришење.

Мисли при пакување на моторциклот.
Да ја оставите Вашата вреќа за спиење и подлогата без заштита од ветер или дожд е исто како да си барате невоља. Затоа обвиткајте ги со водоотпорни кеси (оние најлонски вреќи за отпад)и залепете ги со самолеплива трака. Имајте и резервни вреќи . Употребувајте банџи( еластични јажиња) за да го прицврстите својот багаж. Но не врзувајте ги јажињата едно за друго при пакување. Осигурајте се дали вашиот багаж е супер солидно прицврстен. Внимавајте отворите да не Ви се насочени кон дождот и дали Вашето дождовно одело и камерата или фотоапаратот се спакувани најгоре (најдостапни) . Внимавајте тежината на багажот да Ви е подеднакво распоредена од двете страни на моторциклот. 

Места за кампирање. 
Убаво е да се одбере место кое е најблиску до најпотребните нешта, а тоа се вода и тоалет. Можеби еднаш по неколку дена да влезете и во мотел, да поспиете во вистински кревет, тоа е добро за да ја проверите реалноста. Тешките дождови и ладните ветрови можат да Ве примораат тоа да го сторите многу бргу. 

Карти.
Мора да ги имате. Купете две. Едната поставете си ја дома на зидот за да го планирате Вашиот пат од соништата. А од втората исечето го делот кој што ќе Ви треба на испланираното патување.

Погрижете се на Вашето патување никако да не ги заборавите сите потребни документи како пасош, возачка дозвола, зелена карта, патничко осигурување и сл. 
 


Членовите на 
Мото Скопје МКД 
се собираат секој четврток на клубско видување и договор за возење.

од 11.2018 локацијата
е ресторан City Grill
ул.Никола Тримпаре бр.6 
нас. Центар.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Сите Прашања Информации Предлози Сугестии можете да ги испратите на 
contact@motoskopje.mk

Hit Counters
posetenost
Copyright -Moto Skopje- All Rights Reserved
design by Leon 2009