02.06.2018
МК Носачи на Крстот
Велес
х.Монтенегро

03.06.2018
Fast Riders
Штип
Дом на Млади

08.06.2018
МЦЦ Свети Николе

15-17.06.2018
МК Тиквеш Рајдерс
12 Другари

22.06.2018
MC Potfat
Hill Party
Средно Водно
Hit Counters
posetenost
Copyright -Moto Skopje- All Rights Reserved
design by Leon 2009
Начин и Услови за пристапување кон С.М.Т.К.Мото Скопје

С.М.Т.К.Мото Скопје со седиште во Скопје е клуб од отворен карактер за дружби,прослави и заеднички возења низ републиката и надвор од неа. Мото Скопје како клуб е отворен за пристап на нови членови љубители на овој спорт. Начинот и условите за пристап и стекнување на полноправно членство во С.М.Т.К.Мото Скопје се следниве:

1. Начин и услови за пристапување кон С.М.Т.К.Мото Скопје 
                                                ( за граѓани на р.МК )

    - Кандидатот за член треба да пополни пристапница за членство со точни податоци:
        - Име и Презиме
        - Адреса на живеење
        - Контакт телефон сопствен и телефон од свој најблизок доверлив член од фамилија
          ( во случај на незгода на пат да има кој да се информира за случајот )
        - Марка и Тип на мотор кој го поседува.
        - и др. податоци кои се наведени во самата пристапница.
    
    - Кандидатот за членство треба да поседува минимум еден исправен и тековно регистриран мотоцикл.
        - во своја сопстврност
        - во фамилијарна сопственост
    
    - Положен соодветен испит за управување со моторно возило од соодветната А1-А категорија 
      према важечките закони и прописи на р.МК.
    
    - Препорака од минимум еден член на клубот Мото Скопје. 
       - некој од постоечките членови од претходно да го познава новиот кандидат како би го 
         претставил и запознал со останатите членови, правила и ред во клубот.
    
    - Уплата на годишна -ЧЛАНАРИНА- се уплаќа на денот на пополнување на пристапницата за нови членови. 
              - Од 01.01.2016г. чланарина за сите членови изнесува =1.500,оо ден. изгласан на 
                годишно собрание одржано на 17.12.2015 
              - од 01.01.2016г. до 31.03.2016г. - 1.500,оо ден.
              - од 01.04.2016г. членовите кои нема да ги подмират своите обврски ке бидат исклучени од
                СМС пораки, информирање и учество на клубски дружби, поклони, и др. слични мерки 
                кои ги договараат членовите на клубот со подмирена годишна чланарина.

    - Останати услови кои новопристапениот член треба да ги оствари се:
        - 12 месеци дружење со членовите на Мото Скопје клубски состаноци, прослави и слични содржини. 
        - 5 клубски возења во периодот од 12 месеци, а во кои не спаѓаат организирани 
          државни манифестации како Рели Македонија, Спортски Натпревари во и надвор од Скопје и возења 
          организирани од други клубови или слободни групи. 
       
2. Начин и услови за миграција на членови од друг клуб во С.М.Т.К.Мото Скопје
                                                    ( за граѓани на р.МК )

    - Правилникот е во изработка до негово објавување се постапува по првиот начин на пристапување.

3. Начин и услови за пристапување кон членство за граѓани од други држави 
    
    - Правилникот е во изработка до негово објавување се постапува по првиот начин на пристапување.    


По исполнување на наведените услови и рокови кандидатот се стекнува со полноправно
членство и право на користење и носење на клубски ознаки на С.М.Т.К.Мото Скопје.
кои се доделуваат само на Годишно Собрание.


МНОГУ ЗНАЧИ ДА ИМАШ НЕКОЈ ИСТОМИСЛЕНИК КОЈ ЌЕ ТИ СЕ НАЈДЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ НА ПАТУВАЊЕТО НАДВОР ОД ДОМА

Членовите на 
Мото Скопје МКД 
се собираат секој четврток на клубско видување и договор за возење.

од 11.2018 локацијата
е ресторан City Grill
ул.Никола Тримпаре бр.6 
нас. Центар.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Сите Прашања Информации Предлози Сугестии можете да ги испратите на 
contact@motoskopje.mk